Трета седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Од:

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе одржи трета седница, на која претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски пред градоначалниците-делегати на Собранието ќе поднесе извештај за резултатите од работењето на ЗЕЛС во 2013 година и за реализираните активности во првите шест месеци од оваа година.

Генералното собрание ќе го разгледа и финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2013 година, по што е планирана дискусија за предизвиците со кои се соочуваат локалните власти, а ќе бидат изнесени и предлози и иницијативи за понатамошните чекори во развојот на општините.

На седницата ќе се обратат министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото, долгогодишен поддржувач на демократските процеси во локалната власт во  земјава.

Имплементацијата на процесот на децентрализација на власта во Република Македонија официјално почна  на 1 јули 2005 година.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје