(ВИДЕО) Фрчковски: Опасно е да имаме „чекај малку“ опозиција

Од:

Денешната трибина насловена „Што да се прави“, беше организирана од здружената опозиција и независни интелектуалци со цел да се слушнат различни мислења и идеи за стратегијата за враќање на демократијата во државата.

-Прашањето „Што да се прави“ секогаш било поставувано во револуциите и во слободарските кругови, а впрочем знаете, прв пат било поставено во затвор, Чернишевски го поставил кога бил во затвор, тоа се поставува помеѓу луѓето кои што сакаат живеат слободно, кои не се радуваат кога нивните деца ја напуштаат земјата. Ние денеска сакаме да покажеме дека е можен дијалог, се надевам дека луѓето од обединетата опозиција ќе слушнат што мислат луѓето кои што не ги среќаваат на нивните партиски собири, вели Ѓунер Исмаил за А1он.

Според професорот Љубомир Фрчкоски, Македонија по 20 години транзиција, се наоѓа во процес на деволуција, систем кој е диктатура од видот на авторитарен популизам, за кој изборниот систем е само фасада за самовластие на партиската олигархија и укинување на правната држава.

-Не може да постои дијалог со ваков авторитарен систем. Може да постои преговарање. Преговорот не е дијалог, кој подразбира заеднички вредности и исходишни решенија во кои сте се нашле и верувате во исти вредности. Овде преговарањето е оневозможување на притисоците на зоните на слобода кои се уште ги има. Преговарате за тоа, но никогаш не водите дијалог за тоа. Отпорот се формира во однос на тоа каква е власта. Замка е да се формираме како некој „анти Грујо“ отпор, тоа е она што го нарекувам „чекај малку“ опозиција – тоа е првата стапица, рече Фрчкоски.

Арсим Зекогли рече дека ВМРО и ДУИ не сакаат слободни избори и не се срамат од тоа дека прават авторитарен режим.

-Слободната волја на граѓаните за нив е лкуксуз кои не можат да си го дозволат, рече Зеколи.

Новинарот Ерол Ризаов рече дека во моментов најзагрозени се три демократски фундаменти: парламентаризмот, судството и медиумите.

-Не сум убеден дека во македонската јавност преовладува мислењето дека без нивното ослободување и независност не е можно ни слободно општество, ниту пак економски и културен развој на државата, рече Ризаов.

Според Дане Талески сосема треба да се заборават институциите како да не постојат.

-Јас ќе ви предложам фокусот на вниманието да се стави на граѓаните и за да се освои слободата мора да се создаде мнозинство во државата, кое ќе поддржува и бара слободарска агенда, рече Талески.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар