ЕУ: Заканите на „Газпром“ се неприфатливи

Од:

Заканите на рускиот гасен гигант „Газпром“ дека ќе ги намали испораките на гас за Европската унија поради препродажбата на гас на Украина се неприфатливи, соопшти денеска Европската комисија.

– Очекува од „Газпром“ да се придржува кон обврските, а заканите се неприфатливи, изјави пред новинарите во Брисел Сабине Бергер, портпарол на еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

Директорот на „Газпром“ Алексеј Милер се закани неодамна дека испораките на гас за ЕУ ќе бидат намалени доколку државите-членки преку промена на течението на гасот низ гасоводите и го препродаваат  дел од купениот гас на Украина, за која поради неплатените сметки се запрени испораките.

Етингер минатата недела по состанокот со украинскиот министер за енергетика Јуриј Проданов најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина да ја помине зимата со пренасочување на текот на гасот од Словачка, Полска и Унгарија.

– Потрошувачите со купениот гас можат да прават што сакаат, изјави Бергер, коментирајќи го ставот на „Газпром“ дека пренасочувањето на гасот е нелегално.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот