Централната банка на Русија препорачува виртуелните валути

Од:

Претставникот на Централната банка на Руската Федерација, Георгиј Лунтовски на Меѓународниот банкарски конгрес рече дека во Русија би можело законски да бидат регулирани виртуелните валути, пренесе „Гласот на Русија“.

Според неговите зборови Централната банка и владата го проучуваат прашањето за виртуелните валути и тој смета дека ова платежно средство не треба да биде отфрлено.

-Можно е да имаат иднина- изјави тој, но предупреди дека криминалот би можел да има корист од оваа новина.

Инаку порано Централната банка ги советуваше Русите да не ја користат оваа валута, особено биткоинот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно