Најмалку десет загинати: Се урна патнички авион во Русија

Од:

Најмалку десет лица погинаа во падот на патничкиот авион Ан-28, на рускиот полуостров Камчатка.

Иако во првите извештаи на руските медиуми пишуваше дека погинало и дете, таа информација, се уште не е потврдена официјално.

Во авионот имаше две деца, едно од 13 години кое сега е во кома и 4-годишно девојче чија состојба не е позната.

Авионот леташе од Петропавловск до Палана. Во него имаше 12 патници и двајца членови на екипажот.

Се истражува причината за несреќата.

За во четврток е прогласен ден на жалост, а според медиумите семејствата ќе добијат по 7 илјади долари отштета.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски