Масовен штрајк во Грција против планираното намалување на платите, соопшти електронското издание на грчкиот весник „Нафтемборики“.
На улиците излегуваат учители, лекари и воени лица
Лекарите од болниците прогласија 24-часовен штрајк, најавувајќи дека од 17 септември во нивниот протест ќе се вклучат сите државни болници.
Продолжуваат и протестите на фармацевтите заради неисплатените обврски од страна на државата и намерата на владата да го либерализира пазарот.
Ден по првото училишно ѕвонче и учителите почнуваат 24-часовен штрајк. За 12 часот е планирана протестот во центарот на Атина.
Професорите во високите институти штрајкуваат од петокот.
Синдикатот на државните службеници АДЕДИ прогласи тричасовно запирање на работата, за да им го олесни учеството во протестите на вработените во секторот образование.
Воени лица ќе се соберат на демонстрации во Атина денеска попладне.
Сите општини во Грција и денеска и утре остануваат со затворени врати заради намалено финансирање.
Грчката влада вчера соопшти дека е решена да ги испочитува преземените обврски и да го забрза заздравувањето на економијата.