Боби Митев и Златко Јанакиевски ќе бидат дел од стручниот штаб на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во новата сезона откако и двајцата се договорија со управата на клубот од Аеродром.
Митев во својата кариера беше прв тренер или помошник во неколку клубови и репрезентации во Европа и Азија. Минатата сезона работеше во иранскиот прволигаш Естегал Зарин Кешм.
Јанакиевски е еден од најквалитетни македонски кондициони тренери, чие што долгогодишно искуство во подготовката на професионалните спортисти и со неговиот ангажман од МЗТ очекуваат подготвени да ја дочекаат сезоната 2014/15.
Со ангажманот на Боби Митев и Златко Јанакиевски се комплетира стручниот штаб на „аеродромци“. Митев заедно со Александар Јончевски ќе бидат помошници на тренерот Змаго Сагадин.