Европската Комисија интервенираше со 3,3 милијарди левови, или околу 1,7 милјарди евра, како финансиска помош за спасувањето на две бугарски банки, во одржувањето на нивната ликвидност.
Интервенцијата доаѓа по минатонеделаната неочекувана криза во бугарскиот банкарски систем, откако штедачите на Прва Инвестициона Банка, а потоа и ка Корпоративно-Комерцијална Банка (ККБ) почнаа масовно да ги повлекуваат своите заштеди, по информациите во софиските весници и на социјалните мрежи на интернет дека тие се неликвидни и дека упаднале во финансиака криза.
Интервенираше бугарската Народна Банка која ја презеде контролата врз ККБ, а владата во Софија ја уверуваше домашната јавност дека нема потреба од паника, затоа што и двете банки се стабилни и дека нема никаква криза на бугарскиот банкарски систем, како оној во 1997 година кога во кус рок пропаднаа 14 банки.
Властите тврдат дека Бугарија е „жртва на заговор за поткопување на банкарскиот систем“ во земјата. Полицијата уапси пет лица за кои се верува дека стојат зад вештачки создадената криза, а едно од нив, кое е уапсено во пограничниот град Русе јавно агитирало за укинување на Валутниот Борд на земјата, со чија помош, веќе 17 години се одржува банкарската стабилност, а националната валута левот е врзан, прво за германската марка, а сега за еврото.
„Нападот“ врз двете банки почна откако бугарската влада соопшти дека се „замрзнуваат“ работите на изградбата на гасоводот Јужен Поток, што го гради руската државна компанија „Газпром“ за транспорт на руски гас преку црноморското дно и Бугарија, за Унгарија и Австрија, а на кој треба да се приклучат Србија и Италија, како и Македонија и Босна и Херцеговина.
Според софисккте медиуми, зад нападот, со кој директно се загрози бугарскиот банкарски систем, се наоѓаат различните политичко-деловни руски и бугарски бизнис интереси, што се поврзани со изградбата на гасоводот Јужен Поток.
Европската Комисија соопшти дека бугарскиот банкарски систем останува стабилен, како што беше и пред избувнувањето на краткотрајната криза, како и способен да ја одржува ликводноста на банките, но дека финансиската интервенција била потребна за „секој случај“ и како мерка на претпазливост.