Изгледа дека синчето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, повеќе ги сака шпанските клубови и покрај тоа што татко му настапува во Премиер Лигата.
Двегодишниот Каи неодамна е снимен во прошетка со мајка му Колин, облечен во дрес на Барцелона. Сега покажа дека и најлутиот ривал Реал Мадрид не му е проблем да го носи на себе.
Малиот Каи знаел да облече дрес и на Евертон од кој Вејн премина во Јунајтед. Сепак изгледа по наговор на татко му, Каи знае да го послуша и да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“.