Србија официјално се најде на списокот на држави, чии што разговори ги прислушкува американската Национална агенција за безбедност НСА, пренесе „Блиц“.
Извор од Воено-безбедносна агенција вели дека Србија е интересна за НСА, најверојатно поради можно дејствување на групи поврзани со радикални екстремисти, но и поради односите со Русија.
„Блиц“ наведе дека српските служби имаат систем на заштита, кој го попречува прислушкувањето на разговорите кои се водат на територија на државата, но не и за меѓународните разговори.
Од Безбедно-информативната агенција БИА, не сакаат да ги коментираат наводите за НСА, ниту пак дали имаат сознание за тоа дека НСА од 2010 година ја прислушкувала Србија.
Е. Г.