Атентатор самоубиец се крена во воздух до автобус со војници во Кабул

Од:

Атентатор самоубиец во авганистанската престолнина Кабул се крена во воздух до автобус што превезувал војници, пренесоа британските медиуми.

Во нападот загинале четворица авганистански офицери од воено-воздухопловните сили, а уште петмина војници се ранети.

Според наводи на полицијата, цел на атентаторот бил токму автобусот со војници.

Експлозијата е регистрирана во зоната со високо ниво на безбедност, во близина на универзитетот во Кабул.

Во текот на ноќта во градот имаше силна експлозија крај една од зградите на универзитетот, пренесе ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски