Во Грција вчера се спасени 140 имигранти, чиј чамец претрпел дефект во Егејското Море, додека се обидувале да влезат илегално на туѓа територија, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во соопштението е наведено дека имигрантите се спасени во меѓународни води меѓу грчките острови Родос и Карпатос.
Во операцијата за спасување учествуваа девет товарни бодови и траекти, една фрегата на морнарицата и спасувачки хеликоптер.
Не е објавено државјанството на спасените имигранти, кои безбедно се префрлени на Родос.