Фиксните телефони во централата на Фондот за здравствено осигурување и бесплатната телефонска линија 0800-33222 од утре до вторник нема да работат.
Причината за тоа, како што информира ФЗОМ, е замена на опремата за фиксна телефонија.
Осигурениците ќе можат да се јават во ФЗОМ на мобилниот телефон 076/339-180 или да контактираат на маил адресата [email protected].