Европската унија нема да испрати висок претставник во Приштина за да разговара со тамошните политички лидери за формирање нова косовска влада, изјави за Танјуг, Маја Коцијанчич, портпарол на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.
Таа со тоа, демантираше извештај на приштински весник дека в четврток на Косово ќе допатува неименуван висок претставник на ЕУ за да изврши притисок врз политичките лидери за постизборен договор за формирање влада.
– Тоа се шпекулации…Веруваме дека косовските политички лидери ќе може да формираат влада, врз основа на изборни резултати и во согласност со демократски процедури, изјави таа.