ЕК одобри 34 милиони евра за продолжување на трамвајска линија во Атина

Од:

Европската комисија денеска одобри субвенција од 34 милиони евра за тековен проект за продолжување на трамвајската линија која го поврзува централниот атински плоштад Синтагма со пристаништето Пиреја.

Парите, кои ќе дојдат од Европскиот фонд за регионален развој, ќе бидат наменети за продолжување во должина од 5,3 километар на трамвајска мрежа од сегашната последна станица кај Стадионот Мир и пријателство во населбата Нео Фалиро до пристаништето.

Проширување ќе вклучува 13 нови постојки и се очекува да бидат отворени 169 работни места. Работата на проектот почна во јануари 2013 година и се очекува да биде завршен до крајот на 2015 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит