Од Агенцијата за храна и ветеринарство демантираат дека не постои бесплатната телефонска линија на која потрошувачите можат да пријават неправилности.
„Неосновани се тврдењата изнесени во текстот „Бесплатната линија за потрошувачи на Агенцијата за храна и ветеринарство не постои” објавени вчера на интернет порталот А1 ОN.
Бесплатниот телефонски 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветринарство е функционален од неговото воспоставување во февруари годинава и на него граѓаните без никакви пречки можат да пријават неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните и да дадат предлози за унапредување на работата на Агенцијата.
Најсотро ги демантираме неводите дека станува збор за како што се вели во текстот маркетиншки трик. Преку оваа бесплатна телефонска линија наменета за потрошувачите, од февруари годинава до денес, од Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата за храна и ветеринарство евидентирани се педесеттина јавувања од потрошувачи.
Инспекциските служби на Агенцијата постапиле по дел од поднесените претставки преку оваа телефонска линија, а за неколку од нив, во тек се постапки пред инспекциските служби“, стои во реакцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.
По поплаките на потрошувачите, А1ОН проба да ја добие бесплатната телефонска линија 0800 3 2222, а во прилог можете да го погледнете нашиот обид да ја добиеме бесплатната линија.
Ф.Ј.