Масуд Барзани: Се подготвува референдум за независност на ирачки Курдистан

Од:

Лидерот на автономниот регион ирачки Курдистан, Масуд Барзани изјави денеска дека се подготвува одржување референдум за независност, што би се организирал во следните неколку месеци. Во разговор за Би-Би-Си, Барзани вели дека веќе сега Ирак е практично разделен.

– Сето она што се случува сега во Ирак покажува дека Курдистан има право да заговара независност, рече курдскиот лидер Според неговото објаснување, тој сам нема да одлучува за прашањето за курдската независност, туку дека за тоа ќе се изјасни народот на референдум.

Барзани тврди дека Курдите и натаму ќе бидат дел од потрагата по политичкото решение на актулената ирачка криза, но инсистира дека независноста на Курдистан е „природно право“ на Курдите.

Курдските политички лидери подолго време се во судир со Владата во Багдад и посебно со премиерот Нури ал Малики, кого го обвинваат за ескалацијата на бунтот на сунитските исламисти. Тие од пред еден месец, во силна офанзива започната на северот од земјата, ги натераа на повлекување ирачките трупи од неколку градови во тој дел од Ирак, заканувајќи му се и на Багдад.

Курдските борци, познатите „пешмерга“ кои не дозволија исламистите да навлезат и на автономната територија на Курдистан, успеја во меѓувреме да го стават под своја контрола со нафта богатиот регион на Киркук. Многу Ирачани, најмногу шиити, побегнаа пред налетот на исламистите во курдските реони.

Курдите одамна заговараат создавање независна држава Курдистан, инсистирајќи на својата посебност, како и на правото и тој народ да има своја држава, но историската курдистанска територија е поделена во четири земји-Ирак, Турција, Сирија и Иран.

Турција е најсилниот противник на независен Курдистан,а против се и САД, како и поголемиот дел од меѓународната заедница.

Владата на Израел и премиерот Бенјамин Нетанијаху во текот на изминатиот викенд,сепак,за прв пат јавно, изјавија дека подржаат создавање на независна држава за Курдите, објаснувајќи го тоа со силното напредување на исламистичките сунити и нивното создавање на сунитски „калифат“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак