Тарифините потрошувачи од денеска ќе плаќаат за 3,47 отсто поскапа цена за потрошената електрична енергија, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на струјата за домаќинствата ќе важи до 1 јули идната година.
Според одлуката на РКЕ, еднотарифните домаќинства ќе плаќаат по 4,48 денари за потрошен киловат час електрична енергија, а двотарифните 5,59 денари за дневната тарифа и 2,8 денари за ноќната.
Како што вчера информира престедателот на РКЕ, Димитар Петров, од вкупното зголемување, 1,52 проценти се за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29 проценти за ЕВН Македонија.