Пожари во Грција

Од:

Голем шумски пожар беснее од вчера во централниот дел на полуостровот Пелопонез, во Јужна Грција, јави БТА.

Поради силниот ветер огнот беснее и загрозува населено место, чии жители се евакуирани, бидејќи пожарот стигнал на стотина метри од куќите.

Во населбата Ватија, која се наоѓа во областа Мани, се испратени пожарникари и авиони, за да се борат со огнената стихија, која зафати нискостеблеста шума.

На полуостровот Пелопонез беснее и друг пожар во реонот на Коринтија. Огнот е опасен, бидејќи е во близина на населено место.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит