Бесплатната линија за потрошувачи на Агенцијата за храна и ветеринарство не постои

Од:

На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство објавена е бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 на која потрошувачите можат да пријават неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и да даваат предлози. Незадоволни потрошувачи се обратија до редакцијата на А1ОН револтирани што кога ќе го завртат број, секретарка им кажува дека телефонскиот број не постои.

Кога имаш потреба од Агенцијата за храна и ветеринарство, ја отвораш нивната страна на интернет на која има бесплатен телефонски број на кој кога ќе завртите ви кажуваат дека телефонскиот број не постои – велат потрошувачите.

hranaVeterinarstvoBroj

Редакцијата на А1ОН се обиде да го заврти истиот телефонски број од каде исто така, одговорот на секретарката беше дека сме избрале непостоечки телефонски број. Каде потрошувачите можат да ги пријават неправилностите и дали овие бесплатни телефонски броеви за пријава е само еден маркетиншки трик.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава