Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа кај Богородица

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот кон граничниот премин „Богородица“ кај клучката Гевгелија.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 8:00 часот, кога патничко возило „тојота авенсис“ со белгиски регистерски ознаки управувано од М.В.(68), удрило во товарно возило со скопски регистерски ознаки. При тоа на лице место починала сопатничката во “тојотата“ Марија Д.(67) од Белгија, додека возачот се здобил со тешки повреди.

Увидот е во тек, а сообраќајот е пренасочен низ село Богородица. 

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски