Ново, седмо извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечерва, а ќе се пренесува на Македонската телевизија. Во трка за стан, деловен простор, автомобил и бројни парични награди се над 2 милиони пликоа.
Главната награда во ова ивлекување е стан во скопската населба Аеродром од над 50 метри квадаратни, дуќан во Аеродром и автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра.
Во ова излекување учествуваат сите пликови со 20 фискални сметки издадени по 15 ноември 2013 година испратени на адресата на Државната лотарија на Макдонија за ова извлекување, како и сите пликоа испратени за учество во наградната игра во претходните извлекувања.
Досега од наградната игра, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.