Река од солзи и остра болка во срцето кај сите што го познаваа предизвика информацијата за ненадејната смрт на кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, 15-годишниот Филип Сотиров, кој почина вчера во претпладневните часови – јавува Спортмедиа.
Како што пишува спортскиот портал, станува збор за член на националната селекција до 14 години, која лани настапи на неофицијалното Европско првенство (ЕП) во Словенија и играч на еден од најдобрите екипи во младинските категории кај нас, Водно санс.
Нема информации во какви околности починал Филип.