Превентивна дезинсекција на јавни површини во Неготино

Од:

Во Неготино ноќеска од 23 часот до 5 часот наутро ќе се изврши превентивна дезинсекција на критични точки на јавни површини, со машинско распрскување на препаратот аквакотрин од стручни лица од Центарот за јавно здравје во Велес.

Општината информираше дека со прскањето ќе бидат опфатени локациите од кејот на Тимјаничка Река, Брестин дол, Маренски порој, потегот од Криволак до железничка станица, Рајков дол во Тимјаник, Тремнички дол, Војшанска Река и централното подрачје во Долни Дисан.

Поради запрашување против комарци, граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други видови животни се известуваат да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

Прскањето е утврдено во годишната програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинфекција, дезинсекција и дератизација за општината за 2014 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите