Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ја поздрави одлуката за продолжување на примирјето и повика на конечен прекин на насилствата во источниот дел на Украина.
Украинскиот претседател Петро Порошенко го продолжи примирјето со проруските сили за уште 72 часа односно до понеделник.
Бан истакна оти се надева оти вмешаните страни во конфликтот во Украина строго ќе се придржуваат до своите обврски.