Јункер: Се чувствувам горд и почестен од поддршката на Европскиот совет

Од:

Идниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека е горд и почестен што шефовите на државите и владите на земјите-членки на Европската унија, денеска на Самитот на Европскиот совет го кандидираа за наследник на Жозе Мануел Барозо.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со 26 гласа „за“ и само два „против“, лидерите на 28-те ЕУ-земји денеска му го предложија Јункер на Европскиот парламент, кој на 16-ти јули ќе го потврди неговото именување на чело на неформалната Влада на Унијата.

– Се чувствувам горд и почестен што денеска добив поддршка од страна на Европскиот совет, објави Јункер на неговата страница на социјалната мрежа Твитер.

Тоа што е интересно е дека во исто време, на име Жан-Клод Јункер, на социјалните мрежи се појавија огромен број на лажни профили. Притоа, еден од нив со објава „Јес, денеска сум радосен исто како и дента кога Луксембург ремизираше со Лихтенштајн во фудбал” успеа дури да залаже и високи официјални лица на Европската унија, па еврокомесарот за внатрешен пазар, Мишел Барние, дури и го ре-твитуваше со честитка на лажниот Јункер.

А, в.д. претседателот на Европскиот парламент, Џани Питела, посочи дека предлогот на Советот за Јункер да биде иден претседател на Еврокомисијата е пресвртна точка во европската демократија и дека со овој потег „шефовите на ЕУ-земјите ја испоитувале дмеократската волја на гласачите за европските избори”.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија