Грција е меѓу водечките земји во Европа по смртност како последица на употреба на дрога, додека грчкиот црн пазар е преплавен со кокаин и други дроги.
Според грчките здравствени власти, се повеќе млади луѓе бараат спас во дрогата и тоа е тажна статистика, која не е проблем на семејството, туку на целата нација.
Според истражување на Центарот за лекување на зависности, последните години грчките наркомани често ја употребуваат убиствената супстанца наречена „кокаин на сиромашните“. Оваа дрога е многу ефтина, а ефектот врз организмот е суров. Зависниците имаат мозочни и органски посебни потреби, соопшти Центарот.
Во последните неколку години во полиција нагло се зголемиле и поплаки од млади девојки, дека во ноќните клубови во пијалокот се става „дрога за силување“. Жртвите немаат никакви сеќавања од последните неколку часа.
И покрај кризата, државата доделува средства за отворање нови центри за лекување на наркомани.
Во Грција има многу невладини организации, кои ги засилија своите активности меѓу учениците со различни кампањи, со кои ги предупредуваат за тешките последици од наркоманијата.
„Убива првата доза“, велат поранешни зависници, кои исто така учествуваат во кампањи против зависност од дрога.