Вишеградските држави број еден поддржувачи на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Владите од Вишеградските држави се број еден пријател на Македонија во ЕУ и НАТО и претставуваат лоби група од 60 милиони граѓани, рече денеска амбасадорот на Унгарија во земјава, Јозеф Бенце.

Бенце симболично, со врачување штафета, му го примопредаде претседателството со Вишеградската група на својот словачки колега Мартин Безак.

– Четирите земји од В4 се најголемите поддржувачи на Македонија и нејзните напори за ЕУ интеграцијата. Вкупно 60 милиони жители и даваат поддршка на вашата земја, истакна Бенце.

Според него, унгарската поддршка на Македонија во континуитет е стабилна и константна, а се реализира во секоја прилика, не само институционално, туку и на најразлични средби, конференции,… Освен политичкиот, опфатени се сите аспекти, обезбедувањето стипендии за студентите, деловната промоција, културата и сите други врски. На таков начин, посочи амбасадорот, се потврдуваат и добрососедските односи релевантни за регионот.

И Безак ја потврди заложбата на В4 во однос на поддршката за земјите од Западен Балкан со цел нивно поскоро евро-атлантско интегрирање.

– Словачкото претседателство со Вишеградската група почнува на 1 јули. Приоритет во следните 12 месеци ќе биде продолжувањето на политичкиот дијалог со земјите од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на отворени врати на ЕУ и секоја земја чија цел е приклучување кон Унијата и НАТО. Во оваа насока сме отворени за споделување на нашите искуства и добри пракси, подвлече словачкиот амбасадор.

Освен нови перспективи и проекти за регионална соработка, В4 од годинава располага и со фонд за Западен Балкан вреден 400.000 евра.

Вишеградската група е основана во 1991 година, а ја сочинуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Целта беше соработка во процесот на приближување кон ЕУ. Овие земји станаа членки на Унијата на 1 мај 2004 година. Единствена инстиуцијатива на В4 е Меѓународниот вишеградскиот фонд.

За две децении, како што рекоа Бенце и Безак, В4 стана симбол за успешна регионална соработка во Централна Европа, бренд со влијание во ЕУ и пошироко.

Би можело да ве интересира

Ритер: Поразот во Украина ќе биде последниот клинец во ковчегот на НАТО

Руски генерал: Ако Западот воведе забранета зона за летови над Украина, ќе ги нападнеме земјите од НАТО

А1он

Има ли Европа одговор на ултиматумот на Трамп

Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он