ФОТО: Од дупката на хотелот на Азманов може да пропадне улицата кај италијанска амбасада

Од:

Оголена инсталација од улично осветлување, опасност од поткопување на улицата – ова се случува на улицата 8ма Ударна Бригада, поточно кај италијанската амбасада.
Веднаш до улицата бизнисменот Зоран Азманов има добиено дозвола за изградба на Хотел.

За таа цел е ископана огромна дупка длабока неколку метри, а широка 1 метар на 3 метри.

Со копањето на дупката одземен е и дел од тротоарот кој не е во приватна сопственост.

Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (4)

За ова уште во месец јануари беше известена фирмата “Настел“ за сигурносно да ја обезбеди дупката, но тоа не се случи.

По поројните дождови направено е свлечиште кое претставува голема опасност бидејќи 10 – 20 сантиметри е влезено во улицата, која може во секое време да пропадне. Во исто време, од поројните дождови оголени се инсталациите од уличното осветлување.

Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (3)

Инспекторите од општина Центар ги известија Азманов и неговата компанија “Настел“ за опасноста од одронот.

Доколку ова не се санира во одреден рок, ќе се преземат казнени мерки согласно Законот за градење.

Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (2)

Инаку, улицата 8ма Ударна Бригада, која што неодамна беше реконструирана од општина Центар, е единствен пристап до 7 станбени објекти, 2 деловни згради и амбасадата на Република Италија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории