Досега издадени 1.500.000 електронски здравствени картички

Од:

Вкупно 1.500.000 електронска здравствена картичка (ЕЗК) досега се издадени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што е 85 проценти од бројот на активните осигуреници во Фондот. Во Македонија 50.000 граѓани не поднеле барање за издавање на ЕЗК.

Ова денеска го изјави Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова. Тој посочи дека во моментот 225.000 електронски здравствени картички се наоѓаат во подрачните служби на Фондот од кои 125.000 се во скопската подрачна служба, каде 50.000 осигуреници пензионери не ги подигнале своите ЕЗК.

– Тринаесет илјади пензионери од кои најголем број во Скопје, не поднеле барање за издавање на ЕЗК. Апелирам пензионерите да поднесат барање за издавање ЕЗК и да си ја подигнат со цел во септември да нема гужви на шалтерите чиј број за издавање на ЕЗК планираат да го намалат. Роднини на пензионерите во нивно име со овластување на рака и со лична карта може да ја подигнат нивната електронска здравствена картичка, рече Аџигогов.

Според законот, укажа тој, подигнувањето мора да биде од страна на осигуреникот, но за оваа категорија осигуреници правиме остапка.

– Во шест градови меѓу кои Свети Николе, Кратово, Македонски Брод, Виница итн. сите осигуреници имаат подигнато ЕЗК, а 18 градови се со над 90 процентна издаденост на ЕЗК. ЕЗК не е само замена за сините картони туку претставува и влез во електронскиот здравствен систем во Македонија и услугите кои почнаа да се нудат на осигурениците оваа година можеме да кажеме дека се прифатија од матичните лекари и од осигурениците, истакна Аџигогов.

Додаде дека изминатиот период биле направени 200.000 промени на матичен лекар, 130.000 на стоматолог и 30.000 промени на гинеколог, со што директен бенефит имале 175.000 осугуреници кои веднаш направиле избор на матичен лекар и ги добиле потребните рецепти, упати итн.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски