Адриан Коузенс, менаџер во продавница за мотори во Лондон, среде бел ден се судри со 6 ограбувачи и ги спречи да заминат со моторите.
29 годишникот чија продавница во последните неколку години е повеќепати ограбувана, за медиумите изјави – „сам себеси си реков дека е доста и го направив тоа што го направив“.
Адриан се здобил со повреди на зглобот на раката. Кој знае како ќе поминеше во тепачката со ограбувачите ако не му дојдеа на помош техничарите од блиската продавница и неговиот 17 годишен син Тај.