Меркел: Нема да има никаква драма ако Јункер не добие поддршка од сите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во говор пред Бундестагот уште еднаш јасно стави до знаење дека би сакала нов претедател на Европската комисија да биде Жан-Клод Јункер и покрај противењето на Велика Британија.

– Нема да има никаква драма ако Јункер добие поддршка само од мнозинство од лидерите, рече Меркел.

Јункер беше промовиран како кандидат за претседател на Еврокомисијата од десноцентристичката Европска народна партија на евроизборите во мај, но британскиот премиер Дејвид Камерон категорично се противи на неговата кандидатура, ризикувајќи да остане осамен на меѓу европските лидери со ваквиот став.

Покрај германската канцеларка и останатите десноцентристички лидери во ЕУ, Јункер има поддршка и од осум левичарски шефови на држави или влади – францускиот претседател Франсоа Оланд, австрискиот канцелар Вернер Фајман и премиерите на Романија, Виктор Понта, на Италија, Матео Ренци, на Белгија, Елио ди Рупо, на Словачка, Роберт Фицо, на Чешка, Бохуслав Соботка и на Данска, Хеле Тотнинг-Шмит.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ