Четворица членови на екипажот на танкерот со кој во Грција беа прошверцувани два тони хероин задржани во затвор

Од:

Грчки истражен судија одлучи да задржи во затвор четворица членови на екипажот на танкерот „Ноор Уан“, со кој во Грција беа прошверцувани над два тона хероин.

Дрогата беше пронајдена пред неколку дена во одделни полициски операции.

Осомничените, сите од Индија, негираа каква било вмешаност во случајот, но сепак не успеаја во тоа да ги убедат и истражните органи. Двајца од шесте уапсени членови на екипажот денеска ќе сведочат пред истражниот судија.

Денеска ќе сведочи и 47-годишниот Ирачанец, кој единствен доброволно побара да сведочи пред властите веднаш откако беше расветлен случајот. Тој прво побара да добие повеќе време за да може да се консултира со адвокат.

Другите осомничени, 32-годишниот грчки државјанин и 42-годишниот индиски капетан на танкерот ќе сведочат утре.

Сите се соочуваат со обвиненија за криминално здружување, поседување и трговија со дрога. Во меѓувреме, против некои од обвинетите се покренати и посебни обвиненија за незаконска трговија со гориво, откако на танкерот биле откриени 18 тони гориво без документи.

Изминатата седмица во две складишта во близина на Атина беа пронајдени двата тони хероин кои биле донесени со танкерот, а биле наменети за црниот пазар во Грција и други европски држави. Грчкиот министер за трговска морнарица Милтиадис Варвициотис изјави дека тоа е најголемо количество хероин некогаш запленето во Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит