Севернокорејанскиот лидер Ким Јонг-Ун, според официјалната новинска агенција Јонхап, го сменил министерот за одбрана, генералот Јанг Јонг- Нам и на негово место го поставил генералот Хјонг Ѕонг- Кол.
Ова, како што се анализира во Јужна Кореја, е најверојатно последната смена која Ким ја прави во армискиот врв.
Од мај минатата година сменети се преку педесет највлијателни лица во севернокорејанската армија и министерството за одбрана. Сменетиот министер Јанг е поставен на таа должност во мај минатата година, но неговото име не беше споменувано во јавноста од почетокот на овојмесец.
Во соопштението на Јонхап не се наведува кога новиот министер ќе ја преземе должноста.