Грчките затвореници стапија во штрајк со глад

Од:

Затворениците во цела Грција почнаа штрајк со глад во знак на протест поради плановите на Владата за изградба на затвор со максимален степен на безбедност и бараат подобрување на затворските услови.

Организацијата за заштита на правата на затворениците соопшти синоќа дека во штрајкот со глад учествуваат затвореници од 13 казнено поправни домови.

Повеќето грчки затвори се преполни, а вработените за жалат дека персоналот е недоволен.

Полицијата во Атина синоќа приведе околу 50 луѓе кои сакале да организраат протест пред резиденцијата на премиерот Андонис Самарас против плановите на Влада за изградба на нов затвор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит