Предупредување за жежок бран во Атина

Од:

Се очекува денеска и утре Атина да ја зафати жежок бран, поради што властите ги предупредија граѓаните да избегнуваат секакви активности на отворено и по можност да не се изложуваат на сонце.

Со цел да им се помогне на оние кои ќе мора да излезат, во главниот град на Грција ќе бидат отворени климатизирани простории за јавна употреба во кои граѓаните ќе можат да се засолнат.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, предупредувањето се однесува само на денеска и утре, и се уште не е познато дали ќе биде продолжено и за наредните денови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит