Тензии во грчкиот парламент поради акциите на „Златна Зора“

Од:

Несогласувањето меѓу грчката Влада и крајнодесничарската Златна зора се пренесе во парламентот, јави АНА-МПА. Тензиите се појавија при седница на парламентарна комисија по повод последните акции на партијата против емигранти.

Во петокот и саботата групи од Златна зора преземаа самоволни проверки на диви пазарџии во пристанишниот град Рафина и на пазар во градот Месолонги. Во акциите беа уништени производите што ги продаваат странците и во нив учествуваа пратеници од Златна зора.

Полицијата почна со проверки, а сите партии реагираа остро и побараа државата да преземе неопходни чекори.

Весникот Етнос објави дека им е укинато обезбедувањето на пратениците од страна на полицијата, освен за лидерот Никос Михалолјакос.

Весникот Прото тема пишува дека т.н. одреди за бунт на Златна зора им создаваат главоболки во Владата. Весникот пренесува изјава на Михалолјакос, дека Златна зора не се плаши и нема да запре со праведната борба за заштита на правата на грчкиот народ.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната