Европските берзи здивнаа во вторникот во очекување на важната пресуда на германскиот уставен суд за европскиот кризен фонд, а расположението го пригушија и шпекулациите дека Фед можеби нема да усвои дополнителни мерки за поттик на економијата.
Лондонски FTSE падна за 0,4 отсто, на 5.769 поени, а исто толку се намали и париски CAC, спуштајќи се на 3.490 поени. Франкфуртски DAX ослабна за 0,1 отсто, на 7.207 поени.
Се очекува дека германскиот уставен суд во средата ќе го одобри Европскиот стабилизациски механизам, новиот кризен фонд на еврозоната, но со одредени услови, кои и можеле да го одложат купувањето на обврзници, најавениот план на ЕЦБ, кој беше поздравен како чекор кон намалување на трошоците за задолжување и решавање на кризата во еврозоната.
Несигурност вметнува и утрешниот почеток на дводневниот состанок на американската централна банка. Берзите очекуваат нови поттикнувачки мерки, додека експертите проценуваат дека шансите Фед оваа недела да ги усвои мерките се 60 отсто.
„Полно нејаснотии во краток временски период влијае врз расположението на берзите“, смета еден аналитичар.“
Тој додава дека берзите во измината недела силно зајакнаа, поради што е потребно нешто ново за дополнителен нагорен тренд, алудирајќи на одлуката на германскиот уставен суд и на состанокот на Фед.
Дополнителен ризик се и парламентарните избори во Холандија, кои се одржуваат утре. Гласачите се поделени околу барањето за голема помош на задолжените европски држави и мерките за штедење во Холандија кои може да ги нагризат социјалните права.
Најголем губитник во вторникот е британската компанија Burberry, кој загуби на вредноста 18,6 отсто, откако објави предупредување во врска со добивката. Ова влијаеше и на пад на акциите на Swatcha, Richemonta и LVMH, кои паднаа во распон од 4,4 до 5,7 отсто.