Во Германија во 2012 година како последица од прекумерно конзумирање алкохол починале 14.551 лице, што е дури четири пати повеќе од оние кои загинале во сообраќајни несреќи ширум државата, соопшти денеска Сојузниот сојуз за статистика.
Од вкупниот број починати лица поради алкохол, 10.992 се мажи, а 3.629 се жени, покажува статистиката.
Главна причина за смрт кај 8.319 случаи е цироза на црн дроб, додека психички и други последици, поврзани со алкохолизмот, биле причина за смртта на 4.991 лице, се додава во статистичкиот извештај.