Пет сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на пет сообраќајни несреќи. Од нив, две се со последица материјална штета, а останатите со последица телесна повреда. Со телесни повреди се здобиле еден пешак, еден велосипедист и возач на мотоцикл.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се и санкционирани девет возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците, четворица пешаци кои поминале на црвено светло на семафор за пешаци, тројца возачи кои погрешно се престроиле, четворица возачи кои неправилно претекнувале возила во колона пред и по крстосница, како и шест возачи кои ги паркирале возилата на пешачки премини и во зона на крстосница.

Преземени се мерки и спрема девет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, и кои се исклучени од сообраќај.  24 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и 19 возачи кои ги користеле своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники