Мал цивилен авион се судри со ловец на германското Воено воздухопловство над регионот Зауерленд во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, јави ДПА.
Како што соопшти полицијата, по судирот, авионот „Лирџет“ со двајца патници се урнал во ненаселено место, додека ловецот успеал да слета во воена база крај градот Келн.