Само 25 проценти од Грците ова лето ќе одат на одмор

Од:

Само 25 проценти од грчките граѓани во текот на ова лето ќе одат на годишен одмор, покажуваа анкетата на Групата за заштита на правата на потрошувачите ИНКА, чии резултати денеска ги објави весникот „Катимерини“.

Со истражувањето спроведено од 2 до 16 јуни се опфатени 791 анкетирани лица, од кои само 198 ќе посетат некое туристичко место во текот на ова лето.

Од оние кои одморот ќе го минат во нивните домови, 15 проценти изјавиле дека го прават тоа поради финансиската состојба, а 10 отсто се „оправдале“ со „професионални ангажмани“.

Од анкетираните кои ќе си дозволат одмор, 40 проценти посочиле дека одморот нема да им трае повеќе од пет дена.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит