(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да прифати бесплатен превоз за студентите секој ден

Од:

Сметаме дека е крајно лицемерна предлог-одлуката на Градот Скопје на студентите да им овозможи бесплатен превоз во автобусите на ЈСП само еден ден од неделата, односно само во четврток, наместо бесплатниот превоз да важи секој ден, вели Сања Зинзирова, советничка во Советот на Град Скопје.

СДСМ во континуитет бара бесплатен превоз на студентите секој ден. Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски, го одбија овој предлог на СДСМ под изговор дека одлуката не била во надлежност на Градот Скопје, туку на Министерството за образование.

Сега, наместо секојдневен бесплатен автобуски превоз за студентите, како што предложи СДСМ, Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ им нудат бесплатен превоз само еднаш неделно, и тоа само во четврток.

Како градот Скопје има пари за изградба на панорамско тркало, барокни фасади и споменици од бронза и камен, а нема пари за бесплатен автобуски превоз на студентите? Или бесплатниот превоз за студентите не носи тендерски зделки?

Советничката група на СДСМ ќе гласа ЗА одлуката да се овозможи бесплатен автобуски превоз за студентите во четврток, но истовремено, и понатаму ќе продолжи да бара од Градот да се овозможи бесплатен автобуски превоз за студентите секој работен ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски