Ф.А., од Скопје, нападнал Б.Б.Н., медицинска сестра на скопската Клиника за гинекологија.
Тој бил незадоволен што породената пациентка и по девет дена не ја пуштале од Клиниката.
Сопругот и пришол на медицинската сестра од зад грб, ја фатил за коса и ја удрил со шлаканица по лицето.
Медицинската сестра не е сериозно повредена, но била потресена и шокирана од инцидентот.
Од Клиниката за гинекологија веднаш повикале полиција која направила увид.