Општина Центар целосно ја реконструираше улицата „Костурски Херои“ (29-ти Ноември).
По триесеттина години со нов лик е коловозот, санирани и преуредени се тротоарите и каблите на кабелските оператори се поставени под земја.
„Главниот проблем за побрза санација и реконструкција на улицата настана поради високата кота на каналот за вреловодот и се направи замена на шахтите во должина од 100 метри и нивелирање на сите шахти за водовод и канализација“, велат од Општина Центар.
За реконструкцијата општина Центар од буџетот одвои 7 милиони денари.