Шефовите на дипломатии на државите членки на Европската унија денеска ќе почнат со дводневна седница во Луксембург на која ќе главна тема ќе бидат односите со Украина и со Русија.
За време на првиот ден од состанокот на министерскиот совет во разговорите ќе учествува новоизбраниот министер за надворешни работи на Украина Павло Климкин кој ќе ги информира европските колеги за развојот на случувањата во таа држава.
ЕУ го поддржа планот на украинскиот претседател Порошенко за прекин на огнот, но проруските сили на југоисток во Украина го отфрлија.
Дипломатски извори велат дека засега не се во план нови европски санкции спрема Русија.
Порошенко в петок на 27 јуни конечно ќе го потпише трговскиот договор со ЕУ за време на самитот на европски лидери во Брисел. Покрај Украина и Русија, се очекува министрите да разговараат и за ситуацијата во Ирак и Сирија.