Македонско-бугарски бизнис експо денови

Од:

Зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка се главни теми на Македонско-бугарските бизнис експо денови што ќе се одржуваат денеска и утре во Штип и Кочани.

Пред дваесетина градоначалници од двете земји и претставници на 50 компании ќе бидат презентирани финансиските потенцијали и условите за кредитирање од страна на двете државни банки за развој.

На форумот ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Најавен е и заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија задолжен за економски еазвој Даниела Бобева.

Компании од Македонија и Бугарија ќе постават свои штандови на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Ново Село. Деловните партнери од двете држави се очекува да остварат и непосредни бизнис контакти. Во Кочани ќе се организира панел дебата за заеднички проекти од меѓуграничната соработка, нивно финансирање и поголема искористеност на ЕУ фондовите за оваа намена.

Организатори на експо деновите се Македонско-бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на Источно-планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски