Висок претставник на филипинската влада денеска соопшти дека војската и полицијата на југот на филипинскиот архипелаг добиле наредба воено да ги неутрализираат припадниците на групата Абу Сајаф, кои минатиот четврток утепаа 7 и ранија 13 филипински војници.
Абу Сајаф е најрадикалното муслиманско воено крило на островот Минданао, формирано во деведесетите години на минатиот век и себе си се претставува како огранок на Ал Каеда.
На единиците што ќе преземат операција за елиминирање на околу 400 припадници на Абу Сајаф групацијата ќе им помагаат и одреди маринци, а не се исклучува и поддршка на американски маринци што сега се наоѓаат во ова подрачје.
Во првото официјално соопштение за крвавите пресметки меѓу војската и припадниците на Абу Сајаф се наведува дека терористичката групација во нападот во чртвртокот користела минофрлачи. По извлекувањето на мртвите и ранетите. филипинската војска и полиција организирала потера во која, како е соопштено, загинале 10 припадници на Абу Сајаф.