Краток историјат за Брендон Вуд во МЗТ

Од:

Раководството на сино – белите го прекина договорот со Американецот Брендон Вуд.

Црномурестиот кошаркар кој предизвика големо внимание кај фановите на клубот пред старот на сезоната, воопшто не ги исполни очекувањата.

Публиката, а очигледно и раководството на тимот, беше разочарана од неговите перформанси како на тренинзите така и на неколкуте натпревари кои се одиграа последниве недели.

Брендон Вуд кој беше најавен како големо засилување за претстојната сезона во АБА-лигата, од денеска и официјално не е веќе член на „металците“, а управата и стручниот штаб ќе го насочат своето внимание кон ангажман на нов странски кошаркар на позициите „еден“ и „два“.

Американецот Вуд беше најавен како суперзасилување, со просек од 8,9 поени по меч на универзитетот Мичиген Стејт, но се покажа како лош избор на тренерот Александар Тодоров и на раководството на МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ