Скокна цената на канабисот во Грција

Од:

Полициската акција во селото Лазарат, која почна минатата недела и се уште трае предизвика скок на цената на тоа наркотично средство на грчкиот нарко пазар.

Извори од Генералната управа на грчката полиција потврдиле дека грчките агенти од анти дрога секторот веднаш забележале дека цената на марихуаната пораснала на домашниот пазар.

Врз тоа секако влијание имаат и зајакнатите мерки на контрола на грчко-албанската граница, која ја надлетуваат и хеликоптери на грчката полиција.

Сепак, колкава е сегашната цена не се наведува. Според последните информации од албанската полиција во селото Лазарат уништени се 40 тони марихуана и хашиш, над 120 илјади стебла на марихуана а запленет е цел арсенал оружје и муниција. Акцијата сеуште трае и се контролира секој објект во селото, како и пошироката територија. Акција на октривање насади со марихуна и нивно уништување се проведува и во други делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит